Синдикатот на УПОЗ денеска побара неотповиклива оставка од претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски, бидејќи, според нив тој е еден од главните виновници за лошата финансиска состојба во која се наоѓаат вработените во судовите.

– Караџовски го сметаме за главен виновник затоа што двапати по 40 проценти кои минатата година ни беа задржани, беа на сметка на судовите до 31 декември 2016 година и можеше многу едноставно со негово одобрение овие пари да ни бидат вратат назад, истакна потпретседателката на Синдикатот на УПОЗ, Верица Тасева на денешната прес-конференција.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/11/2017 23:53