Граѓаните на Велес синоќа се соочија со еколошка бомба. Мерните станици во градот покажаа опасно висока загаденост на воздухот со ПМ10 честички.

Слична беше ситуацијата и во други делови од државата.

Последиците од загадениот воздух секој ден се повеќе ги чувствуваме. Секој ден болниците низ Република Македонија се полнат со пациенти кои имаат респираторни заболувања.

Граѓаните се оставени сами на себе и единствениот спас да се заштитат од загадениот воздух е да се затворат во своите домови.

Наместо владата на СДС која веќе 6 месеци е на власт да преземе чекори кон подобрување на квалитетот на воздухот, тие ги укинуваат и корисните мерки кои ги воведе претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а беа во насока за подобрување на животната средина и квалитетот на воздухот. СДС се дрзна да го укине и Ден на дрвото. Преку оваа акција досега се засадија над 36 милиони садници, со над 50 отсто успешност, што е висок процент за ваков тип садници.

Наместо градоначалниците да ги спроведат мерките со кои се фалеа за време на локалните избори тие тргнаа со контра мерки. Градоначалниците Шилегов и Богоев ги стартуваа мандатите со сечење на дрва низ градот, намалувајќи ја зелената површина.

Додека мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање секојдневно алармираат превисоки концентрации на ПМ10 честичките, владата на СДС мува не ги лази.

Во преден план на владата на СДС е нивното луксузирање отколку здравјето на граѓаните на Република Македонија. Владата на СДС и градоначалниците мора да сносат одговорност заради фактот што не превземаат ништо околу намалување на екстремната загаденост на воздухот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2017 12:29