Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во петок ќе предводи владина делегација во работна посета на Република Босна и Херцеговина.

За време на посетата, ќе се одржи работна средба меѓу делегациите предводени од претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и претседавачот на советот на министри на Владата на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, која ќе се оддржи во зградата на Советот на Министри на БиХ, во Сараево.

Премиерот Зоран Заев, ќе земе учество и на пленумска дискусија, во склоп на конференцијата „State of the Region – An assessment from a social democratic point of view” во организација на Фридрих Еберт фондацијата ( Friedrich Ebert Stiftung).



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2017 12:42