Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев за МИА изјави дека Владата ја напушта праксата на нетранспаретност и неотчетност во привлекување на директни странските инвестиции во земјата и дека ќе воведе економски аташеа како составен дел од амбасадите во земјите кои се традиционални партнери на Македонија.

На маргините на Трансатлантскиот форум за економска соработка што вчера се одржа во Вашингтон, каде Анѓушев настапи на панел дискусија насловена „Македонија: Свртување нова страница“, тој рече дека Владата развива атрактивни мерки за привлекување на странски инвестиции во Македонија.

– Многу важно е тие мерки да бидат транспарентни, што значи секој домашен или посебно странски инвеститор точно да знае што може да очекува од Владата согласно одредени критериуми, порача вицепремиерот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2017 15:45