Турското Министерство за надворешни работи отстрани од должност една четвртина од дипломатите, поради сомнение дека одржувале врски со групата одговорна за минатогодинешниот обид за преврат, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
На состанокот во Министерството за надворешни работи, Чавушоглу истакна дека разрешувањата биле направени врз основа на сериозни докази.