„Владата на шверцерски начин по 23 часот објави дека донела одлука со која ја зголемува акцизата за нафта со која на секое семејство ќе му одзема по една просечна плата, пари кои семејството од својот буџет ги дава да располага Владата која пак го зголемува буџетот за патни трошоци и дневници, која нема ниту еден развоен проект освен оние кои ги препишува од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на СДС ветуваше подобар живот за сите, но во реалноста нуди сиромаштија за сите.

Владата на СДС покажува дека оди со камшик против граѓаните, а со одлуката за зголемена акциза на нафтата се удира шамар на таксистите, превозниците, домаќинствата, земјоделците“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2017 16:52