Покачувањето на акцизата на нафтата освен тоа што ќе им одземе по цела просечна плата на семејствата, ќе биде сериозен удар и за македонските транспортери.
Пресметките говорат дека еден камион месечно во просек поминува по 2.156 километри при што превезува 549 тони стока за што троши 630 литри нафта, за истиот тој превозник покачувањето на акцизата на месечно ниво ќе значи 2.205 денари поголеми трошоци од камион, додека на годишно ниво тоа се 26.460 денари повеќе од камион, само поради покачената акциза.
Во Република Македонија регистрирани се 25.522 камиони со погон на дизел гориво, сите тие поединечно ќе имаат зголемен трошок од 26.460 денари годишно, додека сите регистрирани транспортери на годишно ниво ќе имаат зголемен трошок од 11 милиони евра, само поради покачената акциза од страна на СДС.
Да почитувани, 11 милиони евра годишно ќе ги чини македонските превозници покачената акциза за горива. 11 милиони евра ќе им одземе владата на СДС на македонските превозници преку зголемување на акцизата на нафта. Тоа се 11 милиони евра помалку во стопанството, пари со кои ќе се враќа долгот кој оваа расипничка влада од ден во ден го зголемува.
Опасноста по економијата и бизнисите, почитувани граѓани доаѓа од фактот дека акцизата со која се зголемува цената на нафтата директно се зголемува трошокот за превозниците, кои истиот ќе го анулираат со покачувањето на транспортните услуги.
Покачувањето на транспортните услуги директно ќе влијае врз цената на крајниот производ, со што граѓаните повторно ќе бидат тие кои не само што ќе плаќаат поскапа нафта, туку ќе плаќаат и поскапи прехранбени и секаков друг вид на продукти, на домашниот пазар, но и намалената конкурентност на нашите производи во странство.
Ова ли е животот кој го ветуваше СДС? Транспортерите и македонските граѓани не се должни да го покриваат расипништвото на власта.