Не е важно кој ќе биде газда, важно е да работиме, изјави денеска претседателот на Синдикалната организација при комбинатот „Фени индустри” Ѓоре Палитов, откако Врховниот суд одлучи надлежноста околу покренатата стечајна постапка да остане во судот во Велес.

Палитов информираше дека по сите постапки, најверојатно ќе се одреди пак ново рочиште наредната недела.

– Нас ни е битно што поскоро да се заврши сета оваа агонија за работниците. Ние правевме напори банките да ги разгледаат сите понуди за да се заврши работата, имаме ветување дека за брзо време ќе се знае судбината, нагласи Палитов.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/11/2017 19:30