Во билијард и снукер средиштето „Гран Клуб“ од Скопје на 9 и 10 декември ќе се одржи меѓународен снукер турнир насловен “Скопје Опен 2017”.

Турнирот ќе се игра по сите стандарди на светската Снукер федерација. Ограничен е на 32 натпреварувачи и се игра по систем единечна елиминација.

- На турнирот може да земат учество професионалци и аматери, односно сите љубители на овој спорт. За најдобрите четворица се предвидени солидни награди. Сите натпревари ќе се пренесуваат вo живо снимени во висока резолуција и за секој меч поединечно ќе постои статистичи обработена база на податоци, што всушност и претставува новина во нашата држава, информираа од „Гран Клуб“.

Организаторот за сите учесници гарантира максимални услови на натпреварување.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/11/2017 16:43