Крсте Јовановски од ВМРО–ДПМНЕ беше гостин денес во емисијата Алфаскоп, во која тој дискутираше за моменталната ситуација во Република Македонија и за тоа како новата власт си поигрува со националните интереси, идентитетот и јазикот.
Тој посочи на моменти и случувања во кои Зоран Заев и новата власт направија да македонскиот народ се чувствува загрозено од сегашноста и иднината која следи доколку тие продолжат со ова темпо.
-Имајќи предвид дека една политичка партија константно 25-27 години веќе ги продава националните интереси, треба ли да кажеме каква приватизација направија, треба ли да кажеме дека го сменија знамето, треба ли да кажеме дека претседателот покоен Киро Глигоров, рече дека ова име ќе ни било само за два месеци, треба ли да кажеме за одвратната територијална поделба, треба ли да кажеме уште многу други работи кои тие ги направија на штета на македонскиот народ. И сега ние сакаме да имаме заедничко живеење? За какво заедничко живеење зборуваме, кога овие 27 години непрекинато тргуваат со името на државата, со народот внатре и со се она што се вика Македонија. Така само опстојуваат, а за да се тргува така најнормално е, колку треба да бидиш паметен за да помислиш дека за тоа се добиваат некакви бенефити. Дали како финансии, дали како некои други нешта, рече Јовановски.
Тој дополнително се надоврза на односот на власта кон државатa, каде потсети: „Колку прилики до сега имаше јавноста да го види Зоран Заев како гостува на наши, но и на други телевизии во земјите кои не опкружуваат, оние во соседството особено, како го објаснува договорот со Бугарија, кој според него е од големо значење особено за добрососедството, каде потенцираше јавно дека македонскиот и бугарскиот народ се исто, дека овие две држави се еден народ, дека апсолутно ништо не сме губеле, сме имале заедничка историја, сме имале партнер сојузник олицетворен во Бугарија“.
-Кога го гледаме човекот на телевизија како разговара за Македонија, мојот впечаток е дека тој разговара како за некоја нива од која бил црпнат во Муртино, не е важно на кој ќе ја продаде, туку само да има пари, додаде тој.