Американскиот Конгрес усвои предлог-закон за одбранбена политика, кој предвидува буџет од 700 милијарди долари. Со тоа е поддржан повикот на претседателот Доналд Трамп за поголема и посилна армија.
Конгресот го проследи предлог-законот до Белата куќа кој треба да биде потпишан од Трамп.