Турција ги повлече своите војници од воената вежба на НАТО во Норвешка. Причината за ова е што името на основачот на модерната турска држава и сегашниот претседател се нашле меѓу „непријателите”, пишува „Хуриет”.
– Се случи инцидент во Норвешка. Тие поставија мапа со непријатели, на која го имаше името Мустафа Кемал Ататурк и моето име, објасни турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.