Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека „телефонски терористи“ денеска јавиле за поставени 50 бомби долж рутата по која е планирано во Санкт Петербург да помине конвојот возила со рускиот претседател Владимир Путин.
Меѓутоа, дојавите биле лажни, а рутата на Путин не била сменета.
Песков истакна дека рускиот претседател бил известен за телефонските повици, додавајќи дека не биле потребни никакви дополнителни инструкции од Путин.
Тој додаде дека извршителите не се идентификувани, но најверојатно повиците пристигнале од странство.