Саудиска Арабија одлучи да го отповика својот амбасадор во Берлин поради изјавата на германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел дека либанскиот премиер Саад Харири е задржан во Ријад против сопствена волја.
– Официјален Ријад ќе му врачи протестна нота на германскиот амбасадор во кралството, при што ќе изрази незадоволство поради неоснованите обвиненија, изјави портпарол на саудиското Министерство за надворешни работи.