Традиционалното пријателство меѓу Кина и Северна Кореја претставува „драгоцено богатство“ за народите на двете земји, соопшти Пекинг, откако специјалниот кинески претставник Сонг Тао се состана со високиот претставник на Северна Кореја Чое Рјонг Хеј.

Сонг е на официјална посета во Пјогјанг со цел да разговара за исходот на неодамнешниот Конгрес на Комунистичката партија во Кина.

Чое и Сонг зборувале за односите на двете земји.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2017 08:52