Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го отфрли извинувањето од НАТО, отакако на воена вежба на Алијансата во Норвешка, тој и Мустафа Кемал Ататурк на мапа биле прикажани како непријатели.

Ердоган истакна дека такво омаловажувачко однесување не може да се прости толку лесно.

– Вие гледате омаловажувачко однесување за време на вчерашната воена вежба на НАТО. Има некои грешки кои ги прават не глупаци, туку само подли луѓе, изјави Ердоган во говор кој бил во живо емитуван на турските телевизии.

– Тоа прашање не може да се затвори само со просто извинување, рече турскиот претседател.

Турција ги повлече своите војници од воената вежба на НАТО во Норвешка поради инцидентот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2017 08:55