Јавноста е се поуверена дека СДС бесрамно лежеше во текот на кампањата. Тие покажуваа лажно душегрижништво и ветуваа брда и долини, а сега кога се на власт прават сосема спротивно.
СДС, Заев, Богоев, Атанасов и другите лицемери во СДС ветуваа изградба на студентски град во Скопје со фитнес сали, библиотеки, читални, кино сали, ресторани, па дури и нови студенстки домови во Битола Штип и Тетово. Да биде уште поочигледна нивната лага тие за во Штип ветуваа студенстки кампус за сместување до 300 легла и тоа до крајот на 2017 година.
За тоа колку им биле приоритет студентите и нивниот стандард говори фактот што со најновата пренамена на средства, или ако сакате мини ребаланс кој набрзина и тајно го прекрои владата на Заев, беа скратени уште 55 милиони денари или скоро 1 милион евра од средствата предвидени за изградба на студентски домови.
Ова значи дека наместо нов студенстки дом до крајот на 2017 година, како што ветуваа СДС, ќе се скратат парите и за реновирање и поправка на постоечките сместувачки капацитети.
Студентите како и останатите граѓани беа излажани. Неодговорната власт на Заев и СДС се задолжува и троши стотици милиони евра, а и тие средства кои беа наменети за студентите сега се пренаменуваат за други цели.