Лидерот на Социјалдемократска партија на Германија (СПД), Мартин Шулц синоќа потврди дека неговата партија нема да учествува во нова широка коалиција со блокот на Христијанско демократската унија и Христијанско цосијалната унија (ЦДУ/ЦСУ).

- Избирачите ја отфрлија широката коалиција, изјави Шулц на регионална партиска конференција во Нирнберг, пред да биде објавено дека не успеаја преговорите за формирање на т.н. „Јамајка“ коалиција меѓу ЦДУ/ЦСУ, Слободната демократска партија (ФДП) и Зелените.

Шулц во петокот рече дека ако преговорите не успеат, треба да се одржат нови избори.

По парламентарните избори во Германија на 24 септември, СПД, која сега е дел од големата колаиицја со ЦДУ/ЦСУ, соопшти дека ќе премине во опозиција.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2017 12:03