Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес заедно со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски оствари средба со претседателот на Република Албанија Илир Мета.

На средбата се разговарало за македонско-албанските односи, за актуелната политичка состојба и за стратешките приоритети на Република Македонија.

Соговорниците ги реафирмираа заложбите за отворена економска и политичка соработка меѓу двете држави базирана на принципиелна основа.

– Груевски посочи дека во поглед на остварувањето на приоритетот за влез во НАТО значајна е поддршката на сите земји членки на алијансата вклучително и поддршката на Република Албанија, а воедно тој посочи постојат заеднички предизвици за напредок на патот кон Европската Унија, во чие надополнување соработката е добредојдена, известија од ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски го споменал и случајот со притворот на Едмонд Темелко, единствениот Македонец по потекло, градоначалник во Република Македонија. Според него, одлуката за притвор била резултат на политички притисок и не била заснована на правни принципи, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изрази и загриженост за неговата здравствена состојба која што била вложена и, според него, била доказ за нечовечко однесува и постапување спрема него.

Груевски посочи дека од соседните држави треба да се очекува политика на заемно почитување и придонес за зајакнување и исполнување на приоритетите. Таквата политика ќе доведе до релаксирање на атмосферата и градење на доверба која е потребна за економски и политички напредок на регионот. Занимавањето и потенцирањето на етноцентристички теми и идеи не придонесуваат за развој на добра атмосфера и меѓусебна доверба.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2017 16:37