Скоро милијарда денари се предвидени со Предлог буџетот за 2018 година за активни мерки за вработување на граѓаните.

Ова го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски денеска на промоцијата на новата кампања „ЕУ за тебе“, која се однесува на вработувањето, образованието и социјалната инклузија и на која учествуваше заедно со еврокомесарот Јоханес Хан, евроамбасадорот во Македонија Самуел Жбогар, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Според него ова е најголема сума досега издвоена од буџетот на Република Македонија за решавање на најгорливиот проблем во општеството-невработеноста.

Во областа на финансиите министерот посочи дека за политиките за вработување, образование и социјална инклузија покрај значајната поддршка од ЕУ преку ИПА средствата и Владата издвојува и планира значителни средства за нивно спроведување. Како пример, министерот за финансии Тевдовски ги посочи активните мерки за вработување.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/11/2017 16:48