Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе си поднесе оставка од функцијата по 37 години власт, соопшти спикерот на парламентот на Зимбабве.

Соопштението дојде за време на парламентарното сослушување за негово разрешување, по преземањето на власта од страна на војската минатата недела.

Во писмото кое што 93-годишниот претседател го испратил стои дека одлуката за повлекување била доброволна.

Мугабе беше на власт од прогласувањето на независноста на Зимбабве во 1980 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/11/2017 20:20