Граѓаните од Охрид веќе трет месец се оставени сами на себе. Компјутерскиот Томограф во охридската болница не функционира, а од министерството за здравство се молчи.
Томографот во охридската болница служеше за дијагностицирање на мозочни крварења и итни предоперациони иследувања, кој го користеа и жителите од Струга, Дебар, Демир Хисар и Ресен.
СДС ги остави гρаѓаните буквално на цедило, над 150.000 жители од Охρид и регионот приморани се да одат на преглед во Скопје или во приватни клиники каде што еден преглед се движи од 3.500 до 8.000 денари.
Згора на ова скоро цел месец Зоран Заев нема назначено министер за здравство што дополнително укажува на тоа дека оваа влада не води грижа за здравјето на граѓаните.
Граѓаните на сопствена кожа ја почувствуваа расипничката и погубна политика која ја спроведува СДС и Заев.
Во време κога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт во 2012 година беше изграден посебен дел за компјутерска томографија, каде е сместен томографот и мамографот, но сега едниот од тие апарати веќе три месеци не е во функција, дополнително СДС ја заглави и изградбата на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.
Граѓаните на Охрид се оставени на цедило, поради расипан томограф и мора да патуваат во Скопје за основна здравствена услуга, а владата нема интерес да ги решава проблемите.