Во првата половина од годинава трговската размена меѓу Македонија и Бугарија изнесува 344,8 милиони евра и е за девет отсто повисока во споредба со 2016 година, порачаа вицепремиерот за економски парашања, Кочо Анѓушев, и бугарскиот министер за економија, Емил Караниколов, на денешната заедничка седница на владите на двете земји во Струмица.

Тие заеднички оценија дека има потенцијал за зголемување на трговската размена и инвестициите меѓу двете земји. Нагласија дека постои можност за соработка и формирање заеднички претпријатија во областа на земјоделлството, прехранбената индустрија, енергетиката, транспортните услуги, машинството и телекомуникациите.

Во 2016 година вкупната трговска размена меѓу Македонија и Бугарија изнесувала 639,4 милиони евра. Од нив 245,3 милиони евра отпаѓаат на извоз на македонски производи, а 394,1 милион евра се увоз од Бугарија



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2017 17:55