Македонската кошаркарска репрезентација вчера со победа над Словачка со 74:66 ги стартуваше претквалификациите за Еуробаскет 2021 година. Меѓу најдобрите на теренот беше капитенот на нашата репрезентација Војдан Стојановски, особено во вториот период кога со неколку соло акции го полнеше кошот на ривалот.

– Ова е важна и голема победа за нас, одигравме одличен натпревар, особено во одбраната. Во второто полувреме ние пропуштивме некои отворени шутеви, но сепак на крајот успеавме да победиме. Тоа е важно за нас, истакна капитенот Војдан Стојановски кој беше втор поентер на овој натпревар со 20 поени и шест асистенции, додека најпрецизен беше Ричард Хедрикс со 21 поен.

Во недела нашата репрезентација ќе ја пречека Швајцарија во Скопје. Натпреварот ќе се одигра во големата сала во спортскиот центар „Јане Сандански“ со почеток во 20 часот и 45 минути. Влезот е бесплатен.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2017 16:15