Светското првенство во кошарка во 2023 година (Мундобаскет) првпат ќе се одржи во повеќе од една држава.

ФИБА прифати да има една заедничка кандидатура на повеќе држави по претходните добри искуства со Евробаскетот и Афробаскетот.

– Уверени сме дека оваа формула ќе има функционалност и на нашето најголемо натпреварување, изјави претседателот на ФИБА Патрик Бауман.

Во конкуренција за заедничка кандидатура се Аргентина и Уругвај од една страна и Индонезија, Јапонија и Филипини од друга страна.

Следното Светско првенство во кошарка ќе се одржи во Кина во 2019 година.

ФИБА домаќинот на Мундобаскетот 2023 ќе го одреди на 9.декември.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2017 16:27