За време на „Црн петок“, најпрометниот трговски ден во годината, стотици вработени во дистрибутивните центри на Амазон во Германија и Италија штрајкуваа.

Тие бараат повисоки плати и подобри услови за работа. Во Германија на штрајк излегоа 2.500 вработени од дистрибутивните центри во Бад Херсфелд, Лајпциг, Рајнберг и Венеу.

– Вработените се соочени со голем притисок во што покусо временски рок да извршат повеќе работа, и се под постојани контроли и надзор, изјави Штефани Нуцбергер.

Во Италија штрајкуваат околу 500 вработени барајќи пристојни плати.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2017 16:41