Новиот закон за странски медиуми во Русија е нова закана за слободата и независноста на медиумите и пристапот до информации и уште еден обид за намалување на просторот на независни медиуми во Русија, смета ЕУ.
Службата за надворешна политика на ЕУ сметаат дека законот е во спротивност со обврските на Русија за почитување на човековите права.
Со новиот закон, руските власти може да бараат од медиумите да поднесат извештај за финансиската состојба и да се декларираат како „странски агенти“.
Позицијата на ЕУ за рускиот закон е јасна, дека тој ги засилува ограничувањата за остварување на основните слободи во Русија, го апсорбира малиот ресурс на невладините организации и го потиснува независното граѓанско општество во земјата.