Вечерва во Романија се одржуваат масовни протести против централо-левичарската Влада и најавените промени во даночното законодавство и промените во правосудството.
Според аналитичарите со промените ќе се ослабне борбата против корупцијата, а вечерва освен во Букурешт, протести има во стотина градови низ Романија.
Во романскиот главен град планиран е и протестен марш. Се очекува демонстрантите вечерва да заминат и пред зградата на Парламентот.
Протести денеска организира и романската дијаспора во Амстердам, Бирмингем, Минхен и Цирих.