ВИП кабините на скопската жичарница е само уште еден во низата докази за степенот на расипништво на централната и локална власт што беа предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Додека ја туркаа Македонија и нејзините граѓани кон сиромаштија, ВМРО-ДПМНЕ и неговите кадри ја задолжуваа државата за луксуз на поединци.
Наместо да се грижат за интересите на граѓаните и да ги решаваат нивните проблеми, властите од ВМРО-ДПМНЕ на локално и централно ниво парите на граѓните ги трошеа единствено за луксуз и криминално богатење на мала група луѓе околу Никола Груевски.
Времето на расипништво заврши, се работи во интерес на граѓаните.
Централната и локална власт предводена од СДСМ ставаат крај на расипништвото и непородуктивните трошоци и парите на граѓаните ги насочуваат во реалзиација на мерки што носат економски развој, повеќе пари назад кај граѓаните, повисок животен стандард и квалитетен живот за сите.