Владата на СДС во недостиг на идеи и проекти ги краде проектите на претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Ги нема проектите за млади кои ги ветуваше владата на Зоран Заев, а сега без тронка срам ги копираат добрите мерки и проекти од ВМРО-ДПМНЕ.
Проектот „Млад земјоделец“ со кој се фали владата на СДС дека ќе доделуваат грантови по 10.000 евра за младите земјоделци е воведен од владата на ВМРО-ДПМНЕ уште во 2012-та година, и до 2016-та година се обезбедени 1.5 милиони евра за младите земјоделци.
Токму за истиот проект претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше доста критикувана од страна на СДС.
Колку се грижи СДС за младите покажува и фактот што за следната година ги скратија субвенциите за земјоделците.
Граѓаните на Република Македонија го видоа вистинското лице на СДС за овие 6 месеци, затоа време е оваа влада да ги засука ракавите и да почне да работи во подобрување на животот на народот преку сопствени мерки и проекти.