ВМРО-ДПМНЕ со години ги понижуваше земјоделците и го погазуваше нивниот труд и достоинство, а мерките за помош на вистинските земјоделци ги злоупотребуваше за наградување на партиски послушници.

Владата предводена од СДСМ се грижи за вистинските земјоделци и обезбедува помош за развој на земјоделието како основа за екиномски раст. Доказ за тоа е што го зголеми фондот за поддршка на младите земјоделци на четири милиони евра годишно што е за повеќе од двојно во однос на 1,5 милиони евра колку што беа одвојувани од владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои мерката за помош на младите земјоделци ја спроведуваа по принципот прв дојден – прв услужен, со што создаваа можности за манипулирање, Владата предводена од СДСМ воведе нови критериуми со што парите доаѓаат кај вистинските земјоделци.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2017 01:50