Граѓаните вчера за жал почнаа да ги гледаат на дело лицемерните политики на СДС.

Вчера и официјално СДС во Собранието го изгласаа законот за поскапување на акцизата на дизелот за 3 денари. Со 47 гласа ЗА, СДС вчера одлучи директно да влијае врз осиромашувањето на граѓаните. Трошоците кај секое семејство, без разлика дали возат автомобил на дизел или патуваат со автобус, ќе се зголемат за плус една плата од 20.000 денари, плата која ќе им биде одземена на граѓаните. СДС со вчерашната одлука директно им стави рака во џеб на граѓаните.

Ова ќе се одрази и на јавниот превоз, и на меѓуградскиот превоз, кој меѓудругото одредени меѓуградски линии веќе поскапи, и на такси превозниците, но ќе се одрази и на цените на прехранбените намирници, бидејќи земјоделците ќе бидат принудени од 1 јануари да плаќаат поскапа цена на нафтата.

Заев и СДС откако дојдоа на власт ја крахираат економијата. Сите економски параметри се во надолна линија, и тоа најмногу го чувствуваат граѓаните.

Погрешните политики на СДС ќе се одразат директно во џебот на секој граѓанин.

И додека СДС и Заев ја раскрчмуваат државата на економски и на државен план преку разни закони, не грижејќи се за интересите на граѓаните, сето тоа пробуваат да го засенат преку градскиот шарлатан Шилегов кој објавува слики од веќе промовирани кабини.

Ниту една слика од кабина не може да ја покрие неспособноста на оваа влада на СДС да работи за интересите на граѓаните. Граѓаните директно ги чувствуваат штетните политики и свесни се дека се изманипулирани од страна на СДС.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2017 01:53