Екипата на Мајами Хит на синоќешниот дуел со Чикаго ја одигра најслабата четвртина во својата историја постигнувајќи само седум поени во првите 12 минути.
И покрај тоа, Мајами славеше победа во „Јунајтед Центар“ против домаќинот со 100:93.
По 13:7 за Чикаго во првиот период, Мајами го доби вториот со 38:29, разлиак што се покажа клучна за конечниот исход.
Словенецот Горан Драгич со 24 поени беше најефикасниот играч во победничкиот состав.
Досегашниот биланс на Мајами оваа сезона во НБА лигата е 10-9 (победи-порази), доека Чикаго е на скор 3-15.