Полскиот Институт за национална историја соопшти синоќа дека руските власти протерале еден од неговите истражувачи, специјалист за историја на полско-руските односи во 19. и 20 век.
Протерувањето на Хенрик Глебоцки од ФСС се случува неколку недели откако Полска протера руски научник, претставник од Рускиот институт за стратешки анализи.
Варшава го обвини научникот дека вршел пропаганда во корист на државата меѓу историчари и новинари.