Советот на Европа разгледува можност за донесување одлука за укинување на санкциите спрема Русија, бидејќи се плаши од повлекување на Москва од таа меѓународна организација, објави Фајненшал тајмс.

– Ќе биде многу лошо ако Русија ја напушти таа организација, бидејќи конвенцијата и судот се многу важни за граѓаните на Русија, изјави генералниот секретар на СЕ, Торбјорн Јагланд.

Според него, повлекувањето на Русија од СЕ би имало негативно влијание врз Европа.

– Тогаш ќе добиеме Европа без Русија и тоа ќе биде голем чекор назад, нагласува Јагланд.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2017 11:23