„Народно движење за Македонија ја сожалува некогашната моќна партија ВМРО-ДПМНЕ што вчера се доведе во ситуација да се служи со маркетиншки трикови и лажно силење во јавноста со наводното организирање на протест пред владата.

ВМРО-ДПМНЕ мора да е во очај што преку партиското гласило Курир се обиде да конструира божемен протест во врска со притворот на Едмонд Темелко.

Така, Курир вчера во 10:39 пишува дека е продолжен притворот за уште 30 дена за Едмонд Темелко, во 11:22 дека ВМРО-ДПМНЕ прави протест во 19 часот пред Владата, во 12:50 дека Темелко излегува од Шутка оти судот донел одлука за куќен притвор и финално во 16:43 Курир напишa за големата победа на ВМРО-ДПМНЕ оти Темелко излегува од Шутка по најаватa за протест и дека протестот се откажува!

Меѓутоа, вистината е поинаква. Наводниот протест на ВМРО-ДПМНЕ требало да им послужи пред народот дека власта ептен се потресе од најавата за протест. ВМРО-ДПМНЕ преку свои извори во судството уште вчера наутро дознале за одлуката за пуштање на Темелко од Шутка. Но, Курир во јавноста напиша лага дека е продолжен притворот па ја налепија приказната за „храбрата„ одлука на ДПМНЕ за протест за ослободување на Темелко, па откажувањето на протестот оти судот го пуштил Темелко од Шутка иако за судската одлука за излегување на Темелко од Шутка во ВМРО-ДПМНЕ знаеле уште од вчера сабајле.

Ја користиме приликата да ги потсетиме во новокомпонираното ВМРО-ДПМНЕ дека доколку старите вмровци-ветерани во 1990-та така калкулираа и правеа евтини финти и маркетиншки трикови, прашање е дали ќе дојдеше до остварување на идејата!“, се вели во соопштението на НДМ



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2017 12:19