Македонија е сериозна, демократска држава, со институции коишто имаат обврска пред граѓаните и Уставот да постапуваат согласно јасни законски процедури, за целосно расчистување на настаните од 27-ми април и соодветна законска одговорност на сите инволвирани.

Насилството на 27 април беше напад врз демократијата во Република Македонија, врз уставниот поредок, обид за загрозување на животот на пратеници, а со тоа и напад врз сите граѓани на Република Македонија.

Институциите имаат кредибилитет и должност да го расветлат случајот, заради потребата од правда и владеење на право во Република Македонија, за ваков случај никогаш да не се повтори.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2017 15:03