Федерика Могерини планира состанок со премиерите на шесте држави од Западен Балкан до крајот на годината, известува „Танјуг“ повикувајќи се на дипломатски извори.

Средбата на Могерини со лидерите на Западен Балкан најверојатно ќе се одржи на 18 декември во Брисел, во форма на работна вечера. Според изворите на Танјуг, се уште се работи на организација на средабата, утврдување на датумот и добивање потврда за учество од сите шест премиери.

Последната ваква средба на иницијатива на Могерини се одржа на 24 мај во Брисел.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/11/2017 22:33