Денес ја погребуваме демократијата во Македонија. Оние кои ветуваа дека со доаѓањето на власт ќе донесат демократија во Македонија, денес покажаа дека демократија во Македонија нема, вели пратеничката Невенка Стаменковска пред Кривичниот суд.
-Денеска 36 семејства останаа без своите најблиски, без своите татко, мајка, брат, сестра…За жал кога се случуваа претходно вакви настани во Македонија целата меѓународна заедница беше крената на нозе, денеска ниту еден од претставниците на меѓународната заедница не најде за сходно да излезе и да ја бара демократијата. Претходно бурно реагирале и т.н. НВО, денес и нив ги нема. Очигледно и тие се заедно со оние кои ја погребуваат демократијата, нагласи Стаменковска.
Таа го повика претседателот на државата Ѓорге Иванов да се огласи и да ги ослободи сите 36 лица кои денес беа приведени.