Денес во 5 сабајле се случија упади. Во Гази Баба во семејство Пешевски кај Жаклина дојдоа 20 души во 5 сабајле, плачеа нејзините три деца, Стефан- 13 години, Марија- 10 и Матеј- 3 години. Мајка на 3 деца што никого не повредила ќе ја судат за тероризам.
Ова го истакна пратеникот Влатко Ѓорче од пред Основниот суд Скопје 1 каде има организиран протест против приведување на лицата, во врска со настаните од 27 април и додаде:
„Во 5 сабајле појдоа и во Вевчани 20 полицајци, 5 во цивил, 15 во униформа, со калашникови, со панцири, со полна борбена опрема. Крсто им кажа земете ме, ќе дојдам со вас, дајте ми покана ќе дојдам. Во Вевчани плачеа неговите деца- Милан- 13 години, Голабинка- 11, Илина- 9 и Јована- 3 години. Денес сабајле во Охрид во 5 сабајле го зема еден од најдобрите доктори во Охрид, доктор Љубен Арнаудов, татко, сопруг, син. Земаа уште еден доктор- Сашо Василевски, татко на 3 деца, кој лечел илјадници луѓе, а никого не повредил и го судат за тероризам. Денес трите деца на Соња и Јохан се повторно без нивнио татко- и Младен и Мелани и Јоана, но нека знаат, како што се врати еднаш, ќе се врати повторно“.
Има и други што ги гонат, подвлече Ѓорчев, не се само овие.
-Денес сабајле во 5, трите мали деца на еден од најпознатите пејачи, маестро Дурловски беше собран. Тоа ли се луѓе кои треба да бидат судени за тероризам? Еден од најдобрите актери, Јовановски, денес прераснува во Ристо Шишков на нашата генерација. Оние што го судат и апсат ќе се срамат од тоа, потенцираше тој и додаде:
„Ова не е спринт, ова е маратон. Во овој маратон ќе бидеме упорни. Не може народот да биде поразен на сопствен терен. Македонија е нашиот терен“.