Додека денес и деновиве во Владата се расправа за Закон за амнестија за некои докажани терористи кои направија докажани дела, убиства, за возврат на тоа се теретат за делото „тероризам“ наши браќа и сестри кои тргнаа да го бранат суверенитетот на Македонија, истакна Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Тргнаа да го апсат Јохан, човекот кој беше тука кога беше најпотребно. Тргнаа да апсат невини луѓе, пратеници, да апсат жени кои не направиле ништо, да малтретираат мали деца, тргнаа на набрутален начин баш како во време комунистичко. Забораваат дека македонскиот народ кога станува збор за Македонија никогаш не се повлекол се додека не извоил победа. Така ќе биде и овој пат. Ќе останеме тука до крај, нагласи Костовски.