Основниот суд Велес денеска го усвои предлогот за стечајна постапка на комбинатот „Фени“ од Кавадарци, кое го поднесоа Комерцијална банка, Стопанска банка и Силк Роуд банка.

Не беше прифатена понудата за купување од бугарската фирма „Енекод“од 65 милиони евра, од кои 29 кон банките.

За стечаен управник е назначен Мирослав Анастасиевски од Гостивар.

Трите банки доверители во рок од 15 дена треба да ги достават побарувањата. Тие претходно посочија дека понудата на бугарската фирма е несоодветна.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев на седницата за пратенички прашања во петокот посочи дека за компанијата биле заинтересирани швајцарски фонд, француско-израелска корпорација и англиски фонд, а имало и понуди од 30 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2017 17:22