ЕБОР ги продаде своите 5,245 проценти акционерски влог во Комерцијална банка АД Скопје, најголемата банка во Македонија, како дел од вообичаеното менаџирање на портфолиото. Акциите, како што стои во соопштението, се продадени преку Македонската берза за хартии од вредност.

– ЕБОР инвестираше во Комерцијална банка АД Скопје во 1996 година. Како акционер, ЕБОР имаше значајно влијание врз растот и развојот на Комерцијална банка, во изминативе 20 години. ЕБОР помогна во зајакнување на политиките на кредитирање на Комерцијална банка и подобрување на корпоративното управување. Исто така помогна и во зголемување на интересот на инвеститорите за банката, појаснуваат од ЕБОР.

Главниот извршен директор на Комерцијална банка АД Скопје, Хари Костов истакнува дека покрај вообичаената пракса на ЕБОР да биде акционер во одредена банка во период од околу пет години, ЕБОР беше акционер во Комерцијална банка АД Скопје повеќе од 20 години, значајно придонесувајќи во растот и развојот на банката во изминатиот период.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2017 14:26