Вашингтон ги предупреди севернокорејските власти дека ќе бидат „целосно уништени“ доколку дојде до војна. откако Пјонгјанг ги тестираше новите интерконтинентални ракети со дострел до САД.
На синоќешната вонредна седница на Советот за безбедност на ОН, американската амбасадорка во Светската организацијја Ники Хејли го повтори предупредувањето од Доналд Трамп до Пјонгјанг дека ќе бидат „целосно уништени“.
– Ако дојде до војна, бидете сигурни, севернокорејскиот режим ќе биде целосно уништен, истакна Хејли.