Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров денеска изјави дека САД отворено треба да кажат доколку целта на нивните провокативни акции е уништување на Северна Кореја.
Лавров, како што пренесува руската агенција ТАС, истакна дека Вашингтон „планира одржување на големи ненајавени вежби следниот месец“.
– Веројатно направија се намерно со цел севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун да загуби контрола и да направи нов очајнички потег. Американците мора да ни објаснат што всушност планираат доколку бараат изговор за уништување на Северна Кореја, тоа треба отворено да го кажат и раководството на САД треба да го потврди. Тогаш ние ќе одлучиме како да одговориме, рече Лавров.