Европската комисија денеска го поздрави укинувањето на визи за Канада за државјаните на Бугарија и Романија.

– Ова достигнување се должи на големите дипломатски напори и на ангажманите, направени на политичко и техничко ниво од страна на ЕУ, Канада, Бугарија и Романија, посочува Комисијата.

Во соопштението на ЕК по тој повод е цитирана еврокомесарката за дигитализација, Марија Габриел, која ја оцени елиминацијата на канадските визи како јасен сигнал за Бугарите и Романците, како и за светот дека Европа е обединета и решена да нема „втора класа” граѓани.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2017 18:36