Во третиот квартал од годинава во Република Македонија има 7.568 слободни работни места, а вкупниот број на пополнети работни места изнесува 491.191, објави Државниот завод за стастистика.
Според статистичките податоци, стапката на слободни работни места изнесува 1,52 проценти.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна или 3,15 отсто, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и изнесува 0,10 отсто.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,20 проценти.
Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1,97 проценти.
Најголем број слободни работни места, односно 2.594, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.