Голема поддршка за 36-те луѓе што се гонат и на нивните фамилии кои поминуваат низ можеби најтешките моменти во својот живот. Секое време во Македонија има свои херои и свои предавници и секој бира на која страна од историјата ќе е. Одбрале и нашите предци. Денес Зоран Заев и неговата екипа се на страната на Коте од Руља, Димитар Грданов и еден куп историски предавници кои го предавале својот народ, истакна Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест пред Кривичниот суд- Скопје.

-Ако мислат дека со притисоци и црна пропаганда ќе уплашат некого, многу се излажале. Ако ова продолжи кога тогаш ВМРО ќе врати, а кога ВМРО враќа тоа е многу силно. Затоа ги повикувам да се опаметат, да се вразумат и да престанат со оваа политика на уништување на сопствениот народ. Ниту една нормална власт не го апси својот народ, ниту една нормална држава не оди во 5 часот наутро пред малолетни деца да апси луѓе. Тоа мора да заврши, рече Николоски и додаде:

„Повикувам на разум и во овој краен момент да се донесат правилни одлуки, овие 36 луѓе да се ослободат од секакво обвинение затоа што немаат вина, единствена вина им е што ја сакаат Македонија. Сите заедно, сплотено да ја градиме Македонија, единствена, успешна, просперитетна. Не запираме тука, одиме од утре уште посилно“.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2017 23:57