Студеното време и дождот ниту денеска не ги сопре граѓаните да излезат на протест против приведувањата пратеници и други лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава.
Протестот денеска е пред затворот во Шуто Оризари, а на него меѓу бројните граѓаните и денеска, како и претходните денови беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Граѓаните бараат итно и безусловно запирање на сите процеси на политички прогон, малтретирање, терор и иживување и ослободување на сите лица кои се цел на тој политички прогон.