Убијците на децата од Смилковско Езеро деновиве се ослободија за цена на тоа да бидат притворени родољуби, патриоти, чесни луѓе кои што единствено дело кое го направија беше да си ја сакаат од срце оваа држава, истакна Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ на протестот пред затворот во Шуто Оризари.
-Ова време кое го поминува Македонија е најтешкото во поновата историја, заради тоа што на системски начин се работи да се урниса патриотизмот во оваа држава, се со цел да се направат крајно непопуларни политички чекори кои што ќе ја разнебитат оваа држава. Бараат од нас да имаме нов идентитет, а за тоа е спремен само Зоран Заев. Во ова модерно време се практикува комунизам, рече Костовски и додаде:
„Прекинаа претстава колегите на Владо Јовановски и директорот им се закани со казни. Замислете. Покажаа солидарност кон својот колега затоа што тие најдобро знаат дека тој не може да биде терорист“.
Во овој момент, подвлече тој, сигурен сум дека многу Македонци се свесни што се случува и можеби владее доза на страв, но ова ќе биде наплатено од страна на Македонците и оваа држава ќе биде повторно македонска.
-Да издржиме и покрај овој циркуз што се случува. Најважно е да издржиме. Единствена опција за Македонија да биде македонска е ВМРО-ДПМНЕ и затоа сум сигурен дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде посилна од било кога и да е, потенцираше Костовски од протестот против приведувањата пратеници и други лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава.